сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанкуловски за КУРИР: Со оваа власт од чуда не куртуливме на нашиот пат кон ЕУ, а реалноста е дека самитот во Загреб е осуден на неуспех однапред

Наместо датум ќе сме добиеле „јасна рамка“ за ЕУ. А ние треба да бидеме среќни? Сигурно ќе биде доволно голема да ги урами нашите постигнувања на патот кон ЕУ. Кој знае... Не знам до кога неуспешни политичари ќе не лажат и ќе ни ги замачкуваат очите дека ќе станеме дел од Европа, во скора иднина. Со оваа власт од чуда не куртуливме на нашиот пат кон ЕУ. А реалноста е дека самитот во Загреб е осуден од неуспех однапред, потенцира универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Звонимир Јанкуловски во изјава за КУРИР.
Јанкуловски за КУРИР: Со оваа власт од чуда не куртуливме на нашиот пат кон ЕУ, а реалноста е дека самитот во Загреб е осуден на неуспех однапред

По жешката шлаканица на внатрешен план, македонската јавност се` посогласна дека вината е во Заевата влада. Шанса за добивање датум за преговори во мај скоро никој и да не гледа. Самитот во Загреб однапред е осуден на неуспех. Благодарение на оваа владејачка гарнитура, ќе добиеме само „рамка“ и тоа јасна?!

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Звонимир Јанкуловски во изјава за КУРИР вели дека сигурно „рамката“ ќе биде доволно голема да ги урами нашите „постигнувања“ на патот кон ЕУ.

-Мора да признаам дека станавме мазохисти од толкав нереален оптимизам околу отворањето на пристапни преговори со Европската Унија. Се прашувам од каде се црпи овој нереален оптимизам. Од идејата дека самитот во Загреб ќе биде локацијата и времето на некое обновено воскреснување на политиката за проширување, кое Макрон го стави во индуцирана кома. Не гледам дека тоа ќе се случи. Наместо датум ќе сме добиеле „јасна рамка“ за ЕУ. А ние треба да бидеме среќни? Сигурно ќе биде доволно голема да ги урами нашите постигнувања на патот кон ЕУ. Кој знае, потенцира Јанкуловски за КУРИР.

Според него, со оваа власт од чуда не куртуливме на нашиот пат кон ЕУ, а реалноста е дека самитот во Загреб е осуден на неуспех однапред.

-Не знам до кога неуспешни политичари ќе не лажат и ќе ни ги замачкуваат очите дека ќе станеме дел од Европа, во скора иднина. Можеби ќе се случи некое чудо. Кој знае. Кога можевме пред неполни две години да „добиеме датум за преговори“ зашто и сега да не се случи чудо. Со оваа власт од чуда не куртуливме на нашиот пат кон ЕУ. А реалноста е дека самитот во Загреб е осуден од неуспех однапред, вели Јанкуловски и додава:

„Ако нешто треба да му заблагодариме на францускиот претседател Макрон е дека ја прекина играта на меѓусебна размена на лицемерие околу проширувањето на ЕУ: како одреден блок на држави во ЕУ се за проширување, а од друга страна земјите од Западен Балкан како се реформираат. Макрон беше јасен. И ни ги отвори очите. Но, на кого како. Дипломатската офанзива која ја најави Министерот за надворешни може да биде со затворени очи. Само така може да јуриша нашата, со стаж засилена, дипломатска мрежа кон ЕУ. И нешто што мора да сфатиме конечно. Да не бидеме лажени бесконечно. Новата методологија за проширување на Унијата како реформа во процесот на пристапување, е директно поврзана со процесот на реформа на целата Европска унија. А тоа ќе потрае. Се додека Европската Унија не излезе од стратешката нерелевантност во свет во кој доминира ривалството на САД и Кина и каде имаме промена на приоритетите на САД од области клучни за интересите на Европа“.

И аналитичарот Ристо Никовски, неодамна во изјава за КУРИР изјави дека шансите Македонија во мај да добие датум за преговори се еднакви на нула.

Тој смета дека според севкупниот преглед, апсолутно е невозможно Македонија да добие датум за преговори. Проблем гледа и во нашите реформите, па затоа порачува дека државата треба да се концентрира токму на нив, бидејќи тоа е излезот.

-Изјавата на Пленковиќ само потврдува дека шансите за Македонија да добие во мај или пред мај датум за преговори се рамни на нула. Тоа во повеќе прилики го најави и самиот Макрон и други лидери на Европската Унија и иако има едно широко залагање за Македонија и Албанија да почнат со преговорите, меѓутоа фактичката ситуација е таква што можностите и отворањето на нови преговарачки процеси не се на дневен ред на Брисел. Тоа мора да ни биде јасно и да бидеме свесни дека проблем се нашите реформи, а проблем е и Албанија за која 15 членки од Унијата се дека треба да преговара, а другите сметаат дека Албанија не е подготвена. Тоа е втора блокада за Македонија, изјави Никовски за КУРИР и додаде:

„Затоа Македонија треба да се концентрира на реформите, бидејќи само таму ќе биде излезот и патот за побрзо започнување на процесот на приклучување“.

Од друга страна пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека членството во ЕУ ќе биде клучна стратешка определба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата има визија и план како да ја стави државата на брза патека за исполнување на оваа цел.

Според него, Македонија се соочува со сериозни проблеми на патот кон Европската Унија, а недостатокот на реформи и круцијални проблеми со криминалот и корупцијата се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Напоменува и дека постои голем број на нерешени корупциски афери во кои дел се дел високи партиски и државни функционери на СДСМ.

И граѓаните се согласни дека датум со ЕУ нема поради неспроведени реформи од Заевата влада- вака вели последната „Еврометар“ анкета.

Мнозинството граѓани или 56,8 отсто, како главна причина за неотпочнувањето на преговори го посочуваат неспроведувањето реформи на домашен план.

Најнови вести