понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Економското цунами наречено СДСМ работи на штета на граѓаните, време е да заминат во историјата

Јанушев: Економското цунами наречено СДСМ работи на штета на граѓаните, време е да заминат во историјата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24 Вести, истакна дека политичката и економската состојба во Македонија во изминатата една година е на едно катастрофално ниво.

Според Јанушев, владата на СДСМ и Зоран Заев во рок од една година успеале да ја задолжат државата за рекордни 5 милијарди евра, без притоа да реализираат некоја капитална инвестиција, ниту да отворат ново работно место или да го подобрат животниот стандард на граѓаните.

Јанушев, кажа дека Светка банка ја рангира Република Македонија како единствена земја која има нула проценти раст, што според него е уште еден показател дека оваа влада и овој економски тим на Заев не знае и не умее да работи, нарекувајќи ги како економско цунами кое мора да се запре.

Тој истакна дека СДСМ од недостиг на свои проекти ги краде проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претпоставува како свои, посочувајќи го автопатот Демир Капија- Смоквица.

Јанушев го спомена и начинот на кој беше пуштен овој автопат.

-Една постојка поместија на автобуска станица викнаа ди џеј да им пушта музика цел ден, еден автопат кој беше проект реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ го пуштија со чочек со музика со тапани, додаде Јанушев.

Тој ги повика сите граѓани утре заедно рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ да излезат на протест во 20 часот пред владата на Република Македонија и да им порачаат на СДСМ и Заев дека време е да заминат во историјата, се со цел државата да тргне напред.

Најнови вести