вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Не играме на картата на национализмот, законот е штетен и донесен на сила

Јанушев: Не играме на картата на национализмот, законот е штетен и донесен на сила

Апсолутно не играме на картата на национализмот, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во одговор на новинарско прашање.

– Законот е штетен и законот е на сила донесен и истиот е противуставен. Во постапката кога се носеше јас лично овде сум држел неколку прес конференции сум ја повикувал власта да седнеме и да изработиме добар текст на законот, притоа да се прифатат забелешките од претседателот на оваа држава Република Македонија и господинот Ѓорѓе Иванов. Власта не игнорираше, на насилнички начин го донесен законот и сега повторно со кршење на Уставот и законите се обидуваат да спроведат така наречен закон. Почитувањето и почита кон сите кои живеат во оваа држава е двонасочен процес. Почита треба да ја добиете за да може истата да ја возвратите. Со криминални дејанија, одење спротивно на волјата на народот и на ваков насилнички и криминален начин обидувајќи се да се протнат сите овие не законски и не уставни решенија се далеку од почит и почитување на волјата на македонскиот народ и сите останати кои што живеат во оваа држава, порача тој.

Најнови вести