Во „ Утрински брифинг“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој што посочи дека се е поочигледна победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.
-Се оди во таа насока, не затоа што ние тоа го посакуваме, туку затоа што имаме работа со една најнеспособна влада во историјата на Република Македонија. Кои што буквално не можат да кажат една единствена работа која што ја започнале и завршиле во овие три години, нагласи Јанушев.
Јанушев појасни дека прашањето на администрацијата е сегмент кој што на речиси сите влади во историјата им бил камен на сопнување.
-Бидејќи сите ние знаеме да кажеме дека јавната администрација е преобемна, дека е прегломазна, дека не си ги извршува своите обврски, својата работа онака како што треба. Меѓутоа неминовно после тоа дека не се случуваат, да кажам, големи измени во поглед на тоа. Јас само би кажал овде да почекаме да кога ќе дојде за брзо време да ги објавиме нашите програми на делување. Она што можам исто така да го кажам дека и без да се отпушта, без да се прават непопуларни мерки односно да се остават луѓето на некој начин на улица, има начин како да се стави ред, истакна Јанушев.