понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Со начинот на кој Заев ги води преговорите со Грција, македонскиот идентитет е доведен во прашање

Јанушев: Со начинот на кој Заев ги води преговорите со Грција, македонскиот идентитет е доведен во прашање

Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во дебатната емисија Анализа на телевизија 24 вести, истакна дека името на државата е Република Македонија, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен по однос на ова прашање.

-Опозицијата нема да се согласи со промена на Уставот со цел промена на уставното име, промена на идентитетот и јазикот, вели тој.

Според Јанушев, овој начин на водење на преговорите со Грција од страна на Зоран Заев го доведува во прашање македонскиот идентитет. Во однос на процесот на преговори Јанушев забележа дека тие се далеку од транспарентни и во нив се распродаваат македонските национални интереси.

Тој потенцираше дека Заев, манипулира и ги менува ставовите, а како пример го зема интервјуто за германскиот весник „Шпигел“ во кое тој изјави дека нема да прифати промена на Уставот, а кратко потоа го промени ставот.

-Пред неполни три месеци, за германски „Шпигел“, Заев кажа дека нема да го менува уставното име. Од тогаш до денес во неколку наврати го менува својот став, вели Јанушев.

Најнови вести