недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев за ТВ 24: Ќе се обидеме да создадеме ново парламентарно мнозинство, но не по секоја цена

Јанушев за ТВ 24: Ќе се обидеме да создадеме ново парламентарно мнозинство, но не по секоја цена

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека во наредениот период ќе претстои отворен терен на кој се е можно и треба да се почека да се види како ќе се одвиваат работите.

– Ќе се обидеме да создадеме ново парламентарно мнозинство, но не по секоја цена или било какви уцени и притисоци. Нашата цел е граѓаните да видат дека има голема разлика. По победата на локалните избори и големиот број на градоначалнички мандати, граѓаните ќе ја увидат разликата. Во овој момент сите можни сценарија се во игра, а ние нема да се истрчуваме во однос на донесувањето на конечната одлука во однос на делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период,  рече Јанушев.

Најнови вести