Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош Тони Јаревски на својот Фејсбук профил објави видео во кое вели дека криминалот во општината се повеќе расте.
-Денес имавме можност да го соочиме со реалноста во Карпош, Министерот Оливер Спасовски.
Извештајот на ПС Карпош вели дека криминалот расте, а мерките за расветлување и превенција на тешките кривични дела не функционираат.
Полицијата има сериозен проблем со расположивите човечки ресурси и уште поголем проблем со нивната техничка опременост.
ЦЕНТАРот за МИГРАНТИ е fake news, а стравот на нашите сограѓани е неоправдан бидејќи планирани и обезбедени се средства од ВЛАДАТА за градба на ЦЕНТАР за СТРАНЦИ!?!?
Бидете спокојни, БЛЕСКАМЕ…, потенцира Јаревски.
Целиот негов говор пред министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев слушнете го во продолжение.