Она што нас не загрижува е прво да добиеме детални информација што се случувало и дали ќе имаме излез од кризата. Со оваа влада ние живееме во криза. Четири кризи кои се повторуваат. Владата уште пред една година укажа дека животот и здравјето ни се загрозени. Владата рече дека ќе имаме механизми за справување. Но не успеаја, значи владата не успеа со својот капацитет да го нормализира работењето. Сега имаме повторно исто барање повторно барање, но прашањето е што направија и што се чекаше овој период. Прашањето е што направија, година дена помина? Капацитетот на владата не нуди сигурност дека ние ќе излеземе од оваа криза, состојбата за разлика од минатата година, сега е полоша, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Јаревски смета дека ниту еден резултат од досегашните мерки на владата на СДСМ, укажувајќи дека на неколку дена од почетокот на грејната сезона се уште не се знае од каде ќе се обезбеди гас и струја.
-Која мерка донесе резултат? Па ние сега имаме празни складишта и безидејна влада која што трча од држава во држава, но од секаде се враќа и без гас, без струја и без решенија. Ние имаме тотална неизвесност на неколку дена од почеток на грејната сезона, имаме тотална неизвесност од каде ќе ги обезбедиме потребните количини на струја, истакна тој.
Јаревски објасни дека и во самиот извештај од Државниот завод за ревизија стои дека власта потрошила една милијарда евра на нетранспарентен начин, додавајќи дека со една милијарда евра можеше да се реши било кој проблем но само доколку власта работеше домаќински.
-Треба некој да се посвети да работи, да штеди и да работи домаќински, а не да се оди во нетранспарентни постапки и да не знаеме каде се трошат парите. Со 1 милијарда можеше да се реши било каков проблем само доколку се работеше домаќински, истакна тој.