Во вечерашното гостување во дебатата емисија „Топ Тема“ на Телевизија Телма, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
Тој истакна дека во сите сфери има напластени проблеми и потребно е паралелно решавање на истите.
„Оваа Влада е единствена Влада која секој скандал го покрива со три нови и тоа е така до недоглед затоа тоа мора да заврши и оваа промена на власт е повеќе од нужна за јавноста доколку сакаме подобро утро за нашите граѓаните“, кажа Јаревски.
Тој додаде дека имаме напластени проблеми во сите сфери, во култура, образование, економија буквално насекаде.
„Компаративните анализи на НДИ институтот се фрапантни бидејќи а дојде СДС на власт имаме драстично зголемување на корупцијата и драстичен пад на евроинтегративните процеси. Тоа се компаративните анализи кои ги добиваме. Флоскулите на власта дека сме против Европската Унија не држат вода“, изјави Јаревски.
Тој истакна дека бидејќи власта нема резултати и реформи затоа државата е доведена до оваа ситуација.
За да државата се постави на здрави нозе од напластените проблеми кои ги има, според Јаревски потребно е водење на неколку процеси паралелно.