Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер потенцираше дека она кое што е најважно за државата, граѓаните е дека Македонија има влада која што е потопена со корупција и влада на национални штетници.
-Имам период во кој што добиваме различни пораки, различни информации од различни места, но ако сакаме да сублимираме со што се соочуваме и ние како партија и како држава и како граѓани, се соочуваме со власт, со влада која што е потопена со корупција. Се соочуваме со власт која што ги разградува институциите, се соочуваме со влада на национални штетници, со трговци кои не се двоумат дали да посегнат по елементи, по договори, по работи само за еден ден власт плус. Еден ден власт плус кој што ќе биде обременет повторно со некој скандал, повторно со некој сомнителен тендер, повторно со некое дело на корупција. И тоа го докажаа и претходно, рече тој.
Во врска со владата предводена од СДС, Јаревски укажа дека оваа влада е и без идеологија и принципи само за да останат ден плус на политичката сцена.
-Имаме крпеница од влада која што веќе не знаеме кој влегува кој излегува, без идеологија, без принципи само за уште еден ден власт. И во таа насока се покажаа дека се спремни на се, вели пратеникот.
Пратеникот Јаревски додаде дека иако во јавноста излегуваа секојдневно информации и разни изјави во врска со уставните измени, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и нема да подржи уставни измени.
-Овие информации кои што ги имаме деновиве кажуваат на истото. Моментот е она што можеме да укажеме е дека има силни индикации па и нивни јавни изјави дека они бесрамно излегоа во јавност и рекоа разговараат или преговараат или не знам што прават во насока на обезбедување на мнозинство потребно за уставните измени во услови кога е јасно дека групата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и дека никој нема намера такво нешто да подржи, порача тој.