Во вечерашното издание на емисијата „Клик плус” на ТВ21 гостуваше претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
Тој истакна дека народот не може да верува на СДСМ и на Владата поради тоа што во изминатиот период излегоа многу аудио снимки кои ја обелодениле релацијата на Заев со судиите и обвинителите во Република Македонија.
-Во нашата држава се случи еден од најголемите рекетирања кое воопшто некогаш се случило. Тоа е случај од огромни размери кој не може да го сокрие никој, колку и да се труди. Народот виде со кого си има работа и ја дозна вистината за СДСМ и нејзиното функционирање, вели Јаулески.
“Зоран Заев и СДСМ ветуваа брда и долини за младите во Република Македонија. Покрај многуте проекти кои на празно се најавуваа, еден од нив е и студентскиот град кој што никој сеуште го нема видено. Да не зборуваме за студентските домови кои ги најавуваа каде стигнат, а никаде не ставија ниту една цигла, камо ли да изградат”, истакна Јаулески.
-СДСМ се служи со популистички мерки за моментално замајување на народот што не е воопшто коректно и ја понижува интелигенцијата на народот. Младите најмалку треба да се жртва на СДСМ и Зоран Заев кои воопшто не се погрижија да им го подобрат стандардот. Младите во државата ја препознаваат вистинската страна и тоа ќе се потврди на 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори и ќе ја формира новата влада на Република Македонија, заврши Јаулески.