четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Во Македонија под власт на СДСМ се вработуваат само деца на функционерите (Видео)

Јаулески: Во Македонија под власт на СДСМ се вработуваат само деца на функционерите (Видео)

Се наоѓаме пред Министерството за надворешни работи, зграда во која е сместен министерот Никола Димитров, министерство и политичар кои се главни виновници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-За Никола Димитров компетентни се лица со завршен факултет, а магистри и доктори на науки не се. Тие очигледно се преквалификувани. Па за нив нема место во државна служба. Владата на Зоран Заев и додели стипендија на ќерката на Никола Димитров за да студира во странство. Ќерката на хрватската претседателка може да студира на сопствен трошок, но ќерката на Димитров мора на наш. Министерството со кое министерува нејзиниот татко одби двајца млади високообразовани кадри, кои сами магистрирале и докторирале во развиените земји. Примери со високообразовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради непотизмот и партизацијата е се поголем. Последните два примери се само капка во океанот на разочарани млади, рече Јаулески и додаде:

„Кој им е виновен на иселените млади, што не се деца на Димитров или Заев. Во Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите. Зоран Заев и додели 40.000 евра на Јана Димитрова, ќерка на Никола Димитров, а не може да одвои ниту една просечна плата за млади и образовани кадри, кои своето образование го стекнале во странство, а се вратиле во Македонија и сакаат да ги стават своите капацитети во служба на државата. Ова ли е достапноста на секое работно место за секој – НЕ! Ова е партизираност од невидени размери. Во јавните институции нема место за образовани и способни млади луѓе, тие ја напуштаат државата и не се враќаат“.

Во јавната администрација, потенцира тој, се вработуваат децата на пратениците, министрите, партиските шерифи, но не и децата на граѓаните кои не се дел од елитата на  власта.

-Младите разочарани во се поголеми бројки си заминуваат од државата. Наместо враќање на иселените, тие го зголемија иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат подобро.

Најнови вести