ЈО молчи, фактот што Седат Пекер добил полициско обезбедување од Спасовски нема да избледни, одговорност ќе има за сите. Не може светски криминалец како Седат Пекер три месеци да престојува во Македонија, а МВР на Спасовски да му даде и полициско обезбедување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Дополнително уште поненормално е зошто ЈО молчи и не отвори истрага, како Пекер се стекнал со полициско обезбедување, што правела АНБ, и што разговарал Заев со него? Не може 214 криминалци са добиле македонски документи, да доаѓале во Македонија, од тука да полетувале насекаде низ светот, а за тоа да бидат виновни службеници од пасошко, посочија од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека полициското обезбедување не даваат службеници од пасошко, тоа го даваат високи структури во МВР, и дека тие знаат кој е Седат Пекер.
– Се поставува прашањето, зошто иако знаеле кој е Седат Пекер, тој добил обезбедување и дали на тоа влијаела неговата средба со Заев Одговори и одговорност мора да има, додадаваат од ВМРО-ДПМНЕ.