Јорданка Ивановска – Јоци на социјалните мрежи го искоментира говорот на премиерот Зоран Заев во Собранието, поточно делот во кој Заев нуди амнестија за настаните од 27 април во замена за глас за договорот во Грција.
-За греота. О Ч А Ј !! Со месеци обвинуваше дека опозицијата му бара амнестија за 27 април, удави со тоа на 432 прес конференции, а сега сам јавно си понуди. Поточно си ги откри намерите. Дека е подготвен на пратениците вмровци да им понуди закон, ако му се приклонат и гласаат за уставни измени. За два дена и на Груевски ќе му понуди, како тргнал. Море на сите, само да нема избори, пишува Јоци на Фејсбук.