понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: Ќе ги слушнеме предлозите на членството и ќе пристапиме кон реорганизирање на нашата структура

Јорданов: Ќе ги слушнеме предлозите на членството и ќе пристапиме кон реорганизирање на нашата структура

Во наредниот период имаме обврска како демократска партија, како сите демократски партии кој што на секој извесен период прават преажурирање на податоците на своето членство да направиме едно преажурирање на тие податоци, едно преажурирање на нашето членство со што ќе имаме директен контакт со нашите членови. Ќе ги слушнеме нивните предлози и идеи и замисли во кој правец и насока да се движи партијата. Веднаш потоа ќе пристапиме кон реорганизирање на нашата структура, на нашите тела во партијата. Од највисоко до најниско ниво. Од месните комитети, општинските комитети но во исто време ќе побараме мислење од нашата база од нашето членство да го слушнеме нивното размислување за понатамошните политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведува истакна Иван Јорданов, член на Ивршен Комитет и Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Јорданов истакна дека кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт, Штип заслужено го добил епитеот административен центар на Источна Македонија.

Тој рече дека во Штип се отвори Универзитетот „Гоце Делчев“ кој што влијае за економски раст и развој не само на градот Штип туку и на целиот тој регион.

-Благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ се отвори технолошко – индустриската зона која што сама по себе внесе странски директни инвестиции кој што отворија околу 4 илјади нови работни места. На тој начин се помогна да се зголеми побарувачката и цената на пазарот на трудот. Во исто време се започна со изградбата на автопатот Штип – Миладиновци – Скопје кој во исто време се проектираше изградбата на експресниот пат Скопје – Штип – Кочани и Штип – Радовиш. Се започна со градбата на клиничката болница Штип Јорданов додаде дека во исто време се реализираа низа на локално инфраструктурни проекти кој што имаа за цел подобрување на животот на жителите на Општина Штип, развој на овој регион и развој на Општина Штип како град со најголема градежна експанзија, посочи тој.

Јорданов истакна дека проектите кои ги спроведе партијата ВМРО-ДПМНЕ се прекинати и не се реализираат веднаш по промената на централната и локалната власт во Штип.

-По промената на централната а и сега на локалната власт сите овие работи се прекинати и стагнираа. Сите овие проекти кои што ви ги посочив пред малку се во стагнација и не се реализираат. За жал и со доаѓањето на новата локална власт на новиот градоначалник во Штип не сме виделе нов капитален проект. Проект кој што ќе го осетат директно граѓаните на Општина Штип . Сведоци сме само на популистички мерки кој што се пред јавноста а граѓаните неможат да ги воочат во секојдневниот живот. Но затоа сме ние овде како во овој момент опозиција да ги посочиме сите овие работи , да бидеме критичари на овие лоши политики коишто се случуваат. Да го посочиме тоа на јавноста. Да го знае и штипската јавност и жителите на овој регион за да на наредни избори го кажат своето мислење, потенцираше Јорданов.

Најнови вести