четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: Младите се наш приоритет во Штип, креираме проекти и политики во директна корелација со нив, го подобруваме и образовниот процес бидејќи тие се иднината

Јорданов: Младите се наш приоритет во Штип, креираме проекти и политики во директна корелација со нив, го подобруваме и образовниот процес бидејќи тие се иднината

Навистина ми е драго што Унијата на млади сили ја организира оваа трибина во Штип. Дефинитивно младите се наш приоритет, не само декларативно, сите активности кои ги преземаме како локална самоуправа во изминатиот период се во насока на подобрување на младинските политики. Секогаш може подобро затоа во периодот кој ќе претстои во директна комуникација со младите ќе ги креираме политиките со нив, истакна Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

-Секогаш кога ќе се спомнат млади не асоцира на рекреација, на спорт на изградба на спортска инфраструктура, но дефинитивно иднината на нашата општина е во подобрување на образовниот систем на образовниот процес.

Меморандумот кој го имаме склучено со универзитетот Гоце Делчев е во насока на подобрување на младинските политики, активностите кои ги преземаме и комуникацијата со бизнис заедницата исто така во насока на подобрување на состојбата на младите во нашиот град и можноста за изнаоѓање и вработување. Тоа е од клучните приоритети кои ги преземаме како локална самоуправа.

Така што се што имаме како приоритет, а го комуницираме со младите се надевам дека во наредниот период ќе го имплементираме преку проекти кои се во директна корелација со нив, потенцира Јорданов.

Најнови вести