Не гледам основа и нови факти кои би ја промениле бугарската позиција кон Република Македонија, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, најважно, според Јотова, е да се изготви патоказ што да се прави отсега натаму на билатерален план, дека ќе се разгледуваат нови предлози од европските партнери.
Бугарија, додаде Јотова, ќе ја чека одлуката на Република Македонија, бидејќи нејзиниот премиер поднесе оставка, и ќе се разгледаат новите предлози од европските партнери.
Според неа, сепак, нема да се понуди ништо ново.