Оние кои беа неопределени пред парламетарните избори, а потоа ја дадоа поддршката за СДСМ очекувајќи ги ветените промени, очекувам овој пат да бидат остри кон СДСМ, очекувам да го казнат СДСМ и да не гласаат за кандидатот Стево Пендаровски, рече Зоран Јованоски, аналитичар кој беше и дел од протестите на Шарената револуција гостувајќи на телевизија Алфа.
Според него не се спроведува ниту идеологијата, ниту основата од она што се ветуваше во протестите за примена на власта. А за сето тоа, укажува тој, требаше само политичка волја, ништо повеќе, ниту пари, ниту ништо посебно.
-Ништо не ни почна да се спроведува, немаа волја. Тие не направија ништо, покажаа и дека не знаат да прават. Она што го гледаме и што направија е дополнителна партизација, а не европско општество каде сите ќе имаат еднакви шанси, рече Јованоски.
Јованоски вели дека ниту непотизмот не е казнет, напротив според него само дополнително е истакнат. Сето ова, како што вели Јованоски, придонесе да нема сега волја за било каков активизам за промени, народот е многу исцрпен.
-Сега нема ниту една критика од нив, не гледаат што прават. Тие само продолжија со лоши политики, рече Јовановски.
Тој укажува дека граѓаните две години ги гледаат премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Никола Димитров како трчаат да го сменат името, и оти и сега во кампањата кандидатот Стево Пендаровски говори за реформи кои не се ни на повидок.
Дополнително владините претставници само го лажеа народот дека Договорот од Преспа е клучен.
-Но, не е така. Патот кон ЕУ е сложен и бара многу работа, и не треба само законодавство во согласнот со ЕУ, туку треба и почитување на истото, а тоа го нема во Македонија, вели Јованоски.
И добивањето на датум за почеток на преговори не е така едноставна работа како што кажуваат владините претставници, рече Јованоски, кој кажа дека флоскулите да се сени име и да влеземе во НАТО и ЕУ се различни работи.
-ЕУ и НАТО бараат работа и почитување на стандарди, категоричен е Јованоски.