Никола Наумовски – Никса ме спомнал ко давеник кој нема ни сламка за да се фати. Да се разбереме од старт, јас сум човек кој секогаш ќе биде на браникот на МАКЕДОНСКИТЕ интереси, без разлика дали тоа ќе го манифестирам преку, пенкало, збор, протест, рака, камен или пушка (за тоа само јас одлучувам и никој друг) и токму затоа мојот авторитет до сега е еднакво ценет и почитуван и од Македонци и од Албанци и од секој што ме познава, истакнува Ленин Јовановски, директор на Слобода Превоз.
-За разлика од вас, таквиот мој став и карактер ме прави да бидам тоа што сум. Затоа јас никогаш нема да имам потреба да се лигавам и да продавам државни и национални интереси за власт и пари. Затоа сум пријател и со Агим Јонуз , Бени Шакири, Алберт Муслиу, Исмаил Барди, Јакуп Имери, Реџеп Рамадани и уште многу, многу други чесни и авторитетни луѓе Албанци кои ме почитуваат баш дека сум таков каков што сум. Затоа сега слободно правам собири и во Сарај и во Чаир и кај што ќе посакам, истакна тој.
Јовановски му порача на Наумовски да почне со пакување.
„Лично сум горд на освоените гласови на Данела кај Албанците зошто и јас сум дал свој придонес за тоа, а сега моите пријатели чесни-еснаф Албанци ми ветија дека во вториот круг ќе се потрудат тоа да биде најмалку двојно повеќе. Јас им верувам , зашто никогаш не излажале, зашто кај нив е кажано-сторено, а знаете зошто? Затоа што чесните и мажите не сакаат лигуши, подлизурковци и лажови, сеедно дали се Македонци или Албанци.
Затоа Никса , со тие куршуми НЕ.
Да не се криевте во градот по вашите кабинети и пред тастатурите со вашите цртани филмови и крадени сликички од интернет, да не ви беше најголемото достигнување напишан лажен фб статус, ќе знаеше дека јас покрај тоа што сум моторџија , претставувам и превозници кои вршат јавен превоз во градов, а ги има: Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби… и кои вие како градска власт 4 години ги доведовте до питачки стап и ниту еднаш за 4 години не сакавте да ги примите и разговарате за нивните проблеми. Е сега џабе ти е спинување и подметнување, никој веќе не ви верува. Тоа го видовте на 17-ти, а уште подобро ќе го видите на 31-ви. Решението за вработување што ти го дале сега пред избори јасно кажува дека самите не сте свесни каков пораз ви следи.
Почни со пакување“ – пишува тој.