Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски на денешната седница на пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, го праша премиерот Зоран Заев дали до изборите, тој нема да направите притисок врз судиите и обвинителите кои останаа.
Тој напомена дека сите се свесни оти во случајот 27 април, нема ниту „т“ од тероризам туку станува за политички мотивиран, и монтиран случај.
-Сите знаеме дека за 27 април, нема ни „т“ од тероризам. Вие менувате претседатели на судови, менувате судии. Слушаме како Катица Јанева зела 160 илјади евра за заштита на тајноста на податоците. Се прашувам, колку години им треба на луѓето во Тинекс и Веро да ги заработат тие пари, колку години им треба на актерите да дојдат до овие пари. Тие пари се незаконски земени од оваа држава и овој народ. Премиере Заев, дали сте размислувале за оваа состојба. Дали имате намера да поразговарате на оваа тема, дали сте среќни со ваквото СЈО. Дали до изборите, вие нема да направите притисок врз судиите и обвинителите кои останаа, истакна Јовановски.