четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовче Ременски над законите: Молчи МВР, молк од Внатрешна контрола, но и од професорката Ременски

Јовче Ременски над законите: Молчи МВР, молк од Внатрешна контрола, но и од професорката Ременски

Една недела по скандалозните апсења најавени на Фејсбук, Јовче Ременски се уште е на функцијата шеф на управата во МВР задолжена за борба со тероризам.

И додека Внатрешната контрола во МВР молчи, а министерот Оливер Спасовски не коментира, Ременски ги крши законите и правилниците за работа во Министерството.

Во Законот за кривична постапка јасно е наведено дека сите дејствија во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, а нивното оддaвање е тешко прекршување на законот.

Кривичниот закон пак предвидува затворска казна за одавање на службена тајна. Законите се јасни и прецизни.

 

Во Законот за внатрешни работи се наведени и потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски.

Како дел од потешките прекршоци се наведуваат оддавање на класифицирана информација, постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството и злоупотреба на пречекорување на даденото овластување.

Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи, е наведено дека областените службени лица СЕ ДОЛЖНИ да постапуваат во согласно со правата, должностите и овластувањата утврдени со Уставот, законите и другите прописи донесени врз основа на закон.

Во Колективниот договор наведено е и дека треба да го чуваат својот и угледот на МВР, како и да чуваат државната, службената и воената тајна и соодветно да се грижат за чувањето на материјалите кои содржат тајни податоци.

Законските норми и прописи, како и правилниците за работи укажуваат дека Ременски сторил потешки прекршувања на работниот ред и дисциплина, а истиот постапил и спротивно на правилата за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи.

Додека Спасовки и Министерството молчат за однесувањето на Ременски и низата негови прекршувања, неговата сопруга професорката Ременски ги критикува новинарите кои објавуваат информации од јавен интерес. Спротивно на ова, таа со низа статуси на Фејсбук се труди да го оправда сопругот, пружајќи му поддршка и охрабрување во злоупотребата на позицијата која ја има во МВР и кршењето на законските прописи.

Најнови вести