вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

К-15 ќе добијат 27.000 административни работници – еве каде се вработени тие на кои им следува регрес за годишен одмор

К-15 ќе добијат 27.000 административни работници – еве каде се вработени тие на кои им следува регрес за годишен одмор

Информацијата за регресот за годишен одмор на администрацијата предизвика негодувања во јавноста и остра рекација од опозицијата.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека право на К-15 имаат 27.000 работници, а не цела админстрација.

-Правото на регрес за годишен одмор произлегува од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието. Овој договор е склучен пред да почне пандемијата и има сила на закон. Тоа значи дека доколку не се исплати регресот, работниците може да го бараат по судски пат и тоа да ја чини државата повеќе пари, вели Грујовски.

Најнови вести