петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кабинетот на Иванов до Антикорупциска: Да нема шпекулации, постапете по предизборните укази

Кабинетот на Иванов до Антикорупциска: Да нема шпекулации, постапете по предизборните укази

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испрати став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.

Од кабинетот велат дека донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).

Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, тврдат од кабинетот, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

– При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста. – стои во соопштението.

Најнови вести