Фарсата со рочистата на СЈО продолжува. На судот “око не му трепнува“ дали одбраната има увид во доказите или не. Судијата Кацарска ги игнорира барањата на одбраната која тврди дека заради нееднаквиот третман не може да даде воведен збор. Кацарска го одби барањето да се дозволи увид во доказниот материјал и да се одложи денешното рочисте.
Адвокатот Боро Тасевски нагласи дека:
„Недозволувањето увид во доказите не става во подредена позиција и не ограничува да може соодветно да се произнесеме дури и околу надлежноста на СЈО. Денеска повторно сме сведоци на фаворизирање на СЈО и скратување на можностите на одбраната. Во овој момент, со овие повреди на постапката, не можам да дадам компетентна одбрана и соодветен воведен говор. Затоа го известувам судот дека во овој момент нема да дадам воведен говор. Апелирам да се почитуваат законите и правата на одбраната. Кога тие права континуирано се повредуваат со разни толкувања на законот на штета на одбраната, таа се доведува до подредена, инфериорна улога. Доведени сме во состојба да не може да дадеме воведен говор“.
Адвокат Сања Алексиќ се приклучи на наводите на адвокатот Тасевски и се произнесе дека е повредено правото на одбрана со одбивањето на предлогот за доставување на дел од доказите кои СЈО ги предложи.
-Се надевав дека судот денес барем ќе ни доставеше транскрипти од доказите, но не може да утврдиме дали воопшто такви евидитаат. Заради тоа што одбраната е ставена во подредена положба, судот не смееше да дозволи повреда на правата загарантирани со конвенции и ЗКП. Од тие причини и јас не би можела да дадам воведен говор, реце Алексиќ.
Адвокатот Софрониевски потенцираше дека одбраната не е запознаена со аудиоматеријалите ниту пак со фактот дали има транскрипти.
Адвокатот Дангов посочи дека секое барање на одбраната досега било одбиено и побара посоодветен третман. Тој побара денешното рочисте да се одложи за да може одбраната посоодветно да се произнесе.