недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Kацарска судството стана можен извор на заразата

Kацарска судството стана можен извор на заразата

Судот свесно или за нечии интереси не ги почитува препораките кои што се донесени од страна на владата, а со цел спречување на ширењето на коронавирусот во Македонија, со што Кацарска судството станува можен извор на зараза.

Имено, како што дознаваме од наши извори во судница од 40 метри квадратни, присуствувале вкупно 16 лица, а половина не присуствуваа на рочиштето поради мерките кои што беа преземени од страна на надлежните.

Доколку се земе во предвид мерката која што беше донесена со која се забранува собир на отворено на повеќе од пет лица, во судницата се случува спротивното, односно судиите, поротниците и записничарот кои што вкупно на број се  шест, стојат буквално залепени еден до друг и без никаква заштита, со што во судот не се почитува ниту една мерка која што ја донела владата и надлежните институции.

Имено, на странките при влез во судот им се мери само температура, а 90 насто од адвокатите и оние кои што влегуваат во судот не носат ниту нараквици, нуту маска, односно никаква заштита како превенција против коронавирусот.

Иако, рочииштето беше одложено, поради отсуство на адвокатите кои што ги почитуваат препораките и мерките кои што беа донесени од страна на надлежните, сепак странките биле држени цел еден час во затворена просторија од 40 квадратни метри.

Она што не е јасно, е зошто Судот не ги почитува препораките и мерките кои што ги донесоа надлежните институции, иако беше објавено дека рочишта ќе се одржуваат само за оние предмети кои се итни и неопходни поради можно застарување и т.н… сепак судските власти продолжуваат со зголемено темпо на рочишта, а со тоа свесно стануваат можен извор на заразата која се шири со голема брзина, како во светот така и во Македонија.

 

 

Најнови вести