сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британец кој боледувал од Ковид 411 дена конечно е излечен: Му помогнал само овој лек

Британец кој боледувал од Ковид 411 дена конечно е излечен: Му помогнал само овој лек
фото: shutterstock

Британецот кој се зарази со новиот коронавирус и боледуваше од Ковид-19 подолго од кој било друг во светот – дури 411 дена – конечно е излечен, пишува „SkyNews.com“.

Пациент чиј имунолошки систем беше ослабен по трансплантација на бубрег првпат беше позитивен на САРС-КоВ-2 во декември 2020 година.

И покрај тоа што ги загуби симптомите, тој беше позитивен на коронавирусот до јануари 2022 година.

Лекарите во болниците Гај и Сент Томас велат дека не знаат за друг документиран случај на излечена личност по толку долга инфекција.

Тие користеа генетска анализа за да утврдат дека 59-годишникот има рана варијанта на оригиналниот вухански сој, онаа што алфа, делта и омикрон одамна ги надминаа во општата циркулација. Дури кога ја идентификуваа варијантата, можеа да го излечат со „регенерон“, коктел од лекови што исто така му помогна на Доналд Трамп да се бори против Ковид.

Истиот лекарски тим лекувал и пациент кој, за жал, починал откако бил позитивен на коронавирусот 505 дена.

Во двата случаи, генетското тестирање покажало дека пациентите не биле реинфицирани.

Случаите на перзистентна инфекција се разликуваат од долготрајниот ковид, кога пациентот има симптоми со месеци, но не е позитивен на тестот.

Медицинскиот тим повика на повеќе истражувања за третман со антитела за постојаните случаи на ковид-19, а активистите предложија новиот лек „evusheld“, кој е комбинација од две моноклонални антитела, да биде достапен во Европа.

– Некои нови варијанти на вирусот се отпорни на сите третмани со антитела достапни во Велика Британија и Европа – вели д-р Лук Благдон Снел.

– Некои луѓе со ослабен имунолошки систем сè уште се изложени на ризик од тешка болест и постојана инфекција. Сè уште работиме да го откриеме најдобриот начин да ги заштитиме и третираме.