сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Каде гори во Македонија во моментов?

Каде гори во Македонија во моментов?

Пожарот кај с.Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај е се уште активен на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на денешниот ден повторно бил разгорен и кракот кон кај антената на Т – мобиле.

Гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, а на пожарот интервенираа и два армиски хеликоптери, информираат од Центарот за управување со кризи, за состојбите со пожарот до 16 часот денеска.

Пожарот во атарот на селата Ракле-Никодин-Топлица, општина Прилеп е се уште активен. Пожарот и на горниот и долниот дел е згаснат, но има слабо чадење. До овој момент нема опасност од проширување. На терен се вработени од ШС„Црн Бор“Прилеп.

Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино, место викано Калинско од страната на Струмичкиот дел е локализиран и нема активно горење. На терен се ПШС Беласица.

Пожарот од страна на беровскиот дел е целосно локализиран. Еден крак од пожарот се активираше после 10,00 часот и во моментот на терен се вработени од ШС Малешево од Берово.

Пожарот во атарот на селата с.Отолница е локализиран. Во пожарот беше зафатена плевна. На терен учествуваа ТППЕ Ранковце и месно население.

Пожарот во с.Куново е ограничен и ставен под контрола. На терен се ТППЕ Кратово и вработени од Шумско стопанство Кратово.

Пожарот во близина на с.Согле, м.в. Гулевска населба е ставен под контрола. На терен се екипа на ШС Бабуна и месно население.

Најнови вести