петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кадриу призна дека „Македонија пат“ не може да го исчисти снегот

Кадриу призна дека „Македонија пат“ не може да го исчисти снегот

Викендов од „Македонија пат“ повторно беа изненадени од снегот што ја покри Република Македонија. Патиштата беа затрупани со снег, а граѓаните револтирани апелираа и повикуваа на помош да се реагира од страна на надлежните преку социјалните мрежи.

Директорот на ова претпријатие, Гајур Кадриу за „Фокус“ вели дека е задоволен од сработеното на неговите екипи.

Дури Кадриу се обиде да ја оправда (не)способноста на „Македонија пат“ – „Направете споредба со државите каде врне обилен снег и кај нас. Тогаш ќе уочите дека не може повеќе да се направи. Според сите пишани правила, екипите биле на терен и не сме гледале со сеир кон снегот. Постојано сме на терен, а и претходно сме посолувале. Единствен проблем е регионот кај Штип и Радовиш. Таму има и големи ветрови, кои повторно го носат снегот на патот“.

Во еден момент при својата изјава за „Фокус“, Кадриу посочи дека „Македонија пат“ не може некогаш до целост да го исчисти снегот.

„За да не дојдеме во вакви ситуации, ставаме превентивна забрана кај Стража, Пресека. Таму е и опасно за тешки товарни возила и е ризично за шлеперите. Но, статистички гледано, не постои проблем. Некогаш се вози и без соодветна опрема, но не можеме некогаш до целост да го исчистиме снегот“, додаде Кадриу.

Најнови вести