вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како неприфатливото „или име, или НАТО“, за Шекеринска стана прифатливо кога дојде на власт

Како неприфатливото „или име, или НАТО“, за Шекеринска стана прифатливо кога дојде на власт

Денови, а можеби и часови ја делат Македонија од бугарско вето или датум за почеток на преговори со Европската Унија. Бугарија ги постави своите црвени линии, а тоа е дека од Македонија бара јасни гаранции за историјата, јазикот и македонското малцинство во Пиринска Македонија, но и самостојната употреба на името Македонија.

И додека СДСМ од една страна ја убедува јавноста дека ќе ги заштити македонскиот идентитет и јазик, од друга страна без јасни позиции преговара наспроти бугарските црвени линии, кои се поставени со Декларација изгласана во бугарскиот Парламент.

Ваква ситуација од СДСМ видовме и претходно во преговорите со Грција, кога го менуваа уставното име Република Македонија. Пред да го направат тоа, со години изиграваа патриоти пред граѓаните, велејќи дека уставното име не треба да се менува по ниедна цена, дури ни по услов за влез во НАТО.

Тоа беше ставот и на актуелната заменичка претседателка на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која влезот во НАТО сега го потенцира и каде треба и каде не треба.

Во 2008 година, два месеци, пред Македонија да добие вето во Букурешт за влез во НАТО од страна на Грција, токму Шекеринска како тогашен лидер на СДСМ бараше владата на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди влез во алијансата без да биде доведено уставното име во прашање.

Владата и Република Македонија имаат обврска да обезбедат покана за НАТО, а притоа да не биде доведено во прашање уставното име на државата, изјави Шекеринска како претседателка на СДСМ на 13 февруари во 2008 година.

Таа продолжи дека апсолутно е неприфатливо да се поставува прашањето име или НАТО.

Потоа, Шекеринска дури побара од Владата да излезе со чиста позиција и да не се нарушат позициите за името.

Но, што се случи кога Шекеринска и СДСМ дојдоа на власт. Видовме се спротивно од тоа што го зборуваа пред јавноста. Токму СДСМ ги доведе државата и граѓаните пред свршен чин „или име или НАТО“. Тоа беше и референдумското прашање кое гласеше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Референдумот иако неуспешен затоа што граѓаните го бојкотираа несогласувајќи се со промената на името, СДСМ отиде чекор подалеку и преку свои методи, кои цел живот ќе ги паметиме, по секоја цена го промени уставното име Република Македонија. Одеднаш неприфатливото за Шекеринска и СДСМ стана прифатливо. Ги нарушија македонските позиции и го променија името.

Затоа и не треба сега да им се верува кога преговараат со Бугарија, служејќи се со истите изјави и и методи како во спорот со Грција. И сега како тогаш слушаме дека е неприфатливо откажување од македонскиот идентитет и јазик, дека е неприфатливо откажување од јазикот. Но и покрај таквите изјави исто како и за името, продолжуваат да преговараат се додека не дојде новиот свршен чин „или или“.

Најнови вести