вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каква награда всушност доби Заев од германските сестрински социјалдемократи?

Каква награда всушност доби Заев од германските сестрински социјалдемократи?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е единствениот политичар или лидер на политичка партија што ја добил наградата за човекови права што германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг ја доделува од 1994 година.

Фридрих Еберт е фондација формирана од СПД, сестринската партија на СДСМ во Германија и досега оваа награда во најголем дел од случаите одела за поединци и организации кои се блиски на левицата, пишува порталот експрес.мк.

Наградата никогаш предходно не отишла за политичар или лидер на политичка партија и тоа пред избори што за многумина дури и во Германија ја отвори дилемата дека се работи не за хумантирана туку за пропагандна активност со цел да им се помогне на македонските Социјалдемократи кои се соочуваат со сериозни проблеми со својот рејтинг пред изборите во Македонија.

Како уште еден аргумент дека наградата за Заев е полички мотивирана е фактот што таа е објавена на денот на потпишувањето на Преспанскиот договор и не му била доделена лани на една година од потпишување од договорот туку две години подоцна во пресрет на парламентарни избори.

Меѓу досегашните добитници на наградата која се доделува од 1994 година во најголем дел се поединци и организации кои се активни на полето на мирот, човековите права, екологијата но и организации кои работеле на директни политички проекти како на пример организацијата Отпор од Србија.

Во 2018 година наградата на Фридрих Еберт Фондацијата беше поврзана со скандал откако најпрвин беше објавено дека наградата се доделува на движењето „Женски марш“ во САД но подоцна објави дека наградата е суспендирана за да се истражат наводите на активисти и членови на фондацијата дека делови од ова движење во САД активно ширеле антисемитизам односно говор на омраза против Евреите.

Наградата за ова движење кое се нарекува и „Вашингтонски марш“ предизвика реакции во германската јавност и затоа што беше доделена за настан кој беше политички митинг насочен против претседателот Трамп а беше поддржан од страна на американските демократи како кандидатката за претседател Хилари Клинтон која загуби од Трамп и други високи претставници на американската Демократаска партија.

Кај делови од американската Републиканска партија на претседателот Трамп овој избор на германските Социјалдемократи кои и тогаш и сега се дел од германската влада беше доживеан како мешање во внатрешните работи на САД од страна на официјален Берлин.

Доделувањето на наградата за Зоран Заев на 7 дена пред почетокот на изборната кампања во Македонија повторно ги отвори дилемите дали германската СПД преку својата фондација се меша во внатрешните работи на Македонија обидувајќи се да му помогне на СДСМ со награда која никогаш предходно не била доделелна на политичар или лидер на политичка партија.

Кои се предходните добитници на наградата?

https://de.wikipedia.org/wiki/Menschenrechtspreis_der_Friedrich-Ebert-Stiftung

Најнови вести