петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Меѓународното право не познава одземање на помилување, за Стразбур тоа е играње со човечки судбини

Калајџиев: Меѓународното право не познава одземање на помилување, за Стразбур тоа е играње со човечки судбини

Проблемот дома изгледаше поголем од давањето на помилувањата, акцентот беше на незаконитоста и политизираноста во давањата на помилувањата и изгледаше како спас тоа што ги повлече, меѓутоа повлекувањето е вистинскиот проблем од аспект на Меѓународното право и практиката во Стразбур, изјави во емисијата „Стадион“ на Канал77 професорот по уставно право Гордан Калајџиев.

-Стразбур гледа поинаку на случајот, за него се додека не е сериозно оспорено давањето на помилувањата, Иванов е легитимен претседател и постои претпоставка дека Претседател на една држава е сериозна институција која што не се зафркава со давање и зимање на амнестија или помилување на луѓето. Во тоа е големата разлика, рече Калајџиев.

Проблемот од аспект на Меѓународното право е токму одземањето, односно поништувањето, вели професорот Калајџиев.

Државна сериозна институција или воопшто државата генерално не може да си игра со судбините на луѓето. Денеска им дава помилување, утре им го зема, заклучува Калајџиев.

Најнови вести