вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев за изјавата на Пендаровски: Ако сметал дека имало неправда во судењата за 27-ми април, има уставно право да ги помилува

Калајџиев за изјавата на Пендаровски: Ако сметал дека имало неправда во судењата за 27-ми април, има уставно право да ги помилува

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев, вечерва во „Неделен брифинг со Сотир Костов“ во врска со изјавата на претседателот Пендаровски за 27-ми април, рече дека истата изјава била чудна затоа што доколку смета дека судењето е неправедно тој има уставна алатка за помилување за тие лица.

-Ја слушав изјавата на претседателот Пендаровски и морам да признаам дека му беше чудна изјавата за 27-ми април, па тој сам изјавува како не е среќен и како има тука некоја неправда, ама поради тоа што бил легалист ќе оставел тоа да го бараат други, да бараат повторување на постапката, а законот и Уставот му даваат на него право кога ќе почувствува дека низ судењата или другите механизми правдата потфрлила, да го користи помилувањето, така да тоа може да го користи, истакна Калајџиев.

Најнови вести