четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каменичани се организираат за помош на Венцо Велков

Каменичани се организираат за помош на Венцо Велков

Поради можноста да остане инвалид на каменичанецот Венцо Велков му е потребна помош за операција која чини 13 илјади евра, средства кои Велков не може да си ги дозволи.

Поради тоа неговите сограѓани започнаа со организирана кампања со цел што побргу да се соберат средства за операцијата на Валеков која треба во најбрз можен рок да се направи.

Како што информираат организаторите на акцијата, Велков боледува од заболување на лумбален и друг интервертебрален диск со радиокулопатија и досега за подобрување на неговата здравствена состојба се направени дури осум операции, но без ефект.

– Венцо Велков, веќе со години живее во пекол од болки и неможност нормално да функционира. Единствена надеж за Венцо во овој момент е операција која ќе чини од 13 до 13 илјади и 500 евра, но ќе бидат потребни и средства за пред и постоперативно лекување, средства кои Венцо не е во можност да ги обезбеди. Она што е алармантно е тоа дека ако не се направи операцијата, која треба да се изведе во најкраток можен рок, може да настане повреда и кинење на нерв, кој ќе го остави Велков без функционална лева нога, со траен инвалидитет, велат организаторите.

Засега донации за Велков може да се донираат со телефонски повик на телефонскиот број 070-143-144 за корисниците на Телеком, со кој повик секој граѓанин донира 100 денари, а во текот на неделата кампањата ќе биде засилена со поставување штандови и организирани настани од кои средствата што ќе бидат собрани ќе бидат намети за операцијата на Велков.

Најнови вести