понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канал 5 запрепастен од вербалниот примитивизам на Теодосиевски

Канал 5 запрепастен од вербалниот примитивизам на Теодосиевски

Канал 5 телевизија и сите нејзини вработени се запрепастени од вербалниот примитивизам на советникот на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Советникот по име Златко Теодосиевски во својата колумна објавена на порталот Плусинфо, користи вокабулар недостоен за никого, а најмалку за интелектуалец кој работи во Министерството за култура. Дотичниот советник, г-динот Теодосиевски, користи тешки конструкции , невистиното обвинувајќи го мега успешниот проект на Канал 5 , емисијата „Само вистина“, при што клевети дека наводно емисијата во која учествуваше неговиот колега, г-дин Грчев, била намерно продолжена од регуларните „едвај триесет минути“ сме ја растегле на 1 час и 40 минути што е наунофантастична измилица. Емисијата „Само вистина“ има варијабилно време, и во последно време трае околу 1 час и 15 до 1 час и 30 минути, велат од Канал 5 и додаваат:

Дополнително, овој „културен“ работник, користи крајно навредливи имиња за нашата телевизија, емисија, новинарка, уредник , со што прави преседан во 27 годишната историја на Македонија, еден државен службеник да клевети и навредува со манири на  најголем примитивец.

Канал 5 ТВ, очекува министерот Алаѓозовски да не „спаси “ сите нас од овој „советник“ и да се огради од оваа негова колумна , но и да го разреши овој „културен“ работник.

Истоврмено, ја информираме јавноста дека ќе поднесеме соодветен правен поднесок, и ќе ги информираме домашните , но и меѓународните претставници.

Најнови вести