“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.
Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.
Резултатите покажуваат убедлива предност на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот на опозицијата во Велес, Марко Колев ужива најголема доверба од граѓаните. За него се изјасниле дека ќе гласаат 26,3% од испитаниците. За кандидатот на СДСМ довербата ја дале 20,9%.
Во Илинден, најголема доверба, според анкетата, има Александар Георгиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. За него би гласале 21,6% од анкетираните, а за кандидатот на СДСМ 16,7%.
Граѓаните од Виница најмногу доверба имаат во Миле Петков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. За него рекле дека ќе гласаат 26,3% од гласачите. Кандидатот на СДСМ, Ивица ДИмитров добил поддршка од 23,8%.
Стефче Трпковски, според резултатите од анкетата, ќе победи на изборите во Сопиште. Тој има доверба од 28,8% од анкетираните. Зад него е кандидатот на СДСМ, Сашо Стојановски, за кого би гласале 20,6%.
При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.