среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Каракачанов: Го сменивте името на државата, ако сакате во ЕУ ќе ја смените и историјата!

Каракачанов: Го сменивте името на државата, ако сакате во ЕУ ќе ја смените и историјата!

Официјална Софија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, ако Комисијата на историчари не седне на маса и постигне согласност, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за телевизја 24.

Според Каракачанов, македонската дипломатија веќе 3 години откако е потпишан договорот за Добрососедство одбегнува решавање на проблемите и очекува ЕУ да застане во одбрана.

Според официјална Софија, македонската страна ги избегнува состаноците на историчарите за да не се соочи со решавање на прашањето за Гоце Делчев и со тоа покажува дека официјално Скопје нема желба да води искрен дијалог.

– Минатата година во ноември месец, пред десет месеци ја стопиравте работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Ние сме го кажале тоа сто пати во последните десет месеци, дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на првата меѓувладина конференција, додека прашањата не бидат исчистени. Тоа е позицијата на Бугарија. И тоа е многу јасно во Скопје. Ако Комисијата не ја продолќи својата работа и не реши некои прашања, ќе ја блокирате првата меѓувладина конференција? Се разбира, рече Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, пренесе ТВ 24.

Каракачанов не сакаше да одговори отворено дали Бугарија ќе продолжи да го проблематизира македонскиот јазик пред усвојувањето на преговарачката рамка.

Вели нема да влегувам во дискусија, затоа што Македонија има два официјални јазици, македонски и албански.. Држете се до договорот.

Според него, проблемот е во Скопје, а не во Софија. Каракачанов порачува дека никој од ЕУ не може да притисне и да и укаже на Бугарија да ја промени позицијата и не може само едната страна да прави компромиси, а другата да прави што сака.

– Јас сметам штом имаме договори треба да се почитуваат. Вие се согласивте да си го смените знамето, да си го смените името. А со државата (Бугарија) која секогаш и помагала на Македонија сметате дека може да играте некоректно. – Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

Дипломатите на земјите членки на ЕУ вчера се состанаа,за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за  Македонија. Бугарската страна, наводно, била „гласна“ околу прашањата што им претставуваат проблем.. Во петок продолжуваат дискусиите на техничко ниво во ЕУ.

Најнови вести