сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Каракачанов: Кога сум со Димитров си збориме без преведувач, си праќаме поздрави со татко му кој е добар Бугарин

Каракачанов: Кога сум со Димитров си збориме без преведувач, си праќаме поздрави со татко му кој е добар Бугарин

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов открива каков однос имале со екс-министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Ти им помагаш, а тие зад грбот… И тој Димитров за кој зборувате, тој истото го прави. Доаѓа во Софија, влегува во мојот кабинет, си зборуваме пријателски. Не викаме преведувач. Тој ми праќа многу поздрави од татко му и јас му праќам поздрави на неговиот татко. Татко му е добар Бугарин кој има напишано прекрасни статии за тоа како е создавана македонската нација кои би било добро син му Никола да ги прочита. Излегува од тука, се сретнува со министерката Захариева, прегратки, бакнежи, љубезност… Оди во Брисел и зборува за Бугарија, истакна тој.

Најнови вести