петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева: Приклучете ни се кон тужбата со која ќе ја тужиме Владата поради геноцидното кршење на нашите лични и неприкосновени права

Каракамишева: Приклучете ни се кон тужбата со која ќе ја тужиме Владата поради геноцидното кршење на нашите лични и неприкосновени права

Секој граѓанин може да учествува во тужбата со која ќе се тужи Владата на Република Македонија поради геноцидното кршење на нашите лични и неприкосновени права, ова преку свој Фејсбук статус го потврди професорката Тања Каракамишева.

-Ви ја доставувам најавената тужба со која ќе ја тужиме Владата на Република Македонија поради геноцидното кршење на нашите лични и неприкосновени права.

Ве молам пополнете ги личните податоци кои се бараат во тужбата и испринтајте ја во 2 примерока.

Договорено е судските такси од 1200 денари по тужба, во ваше име да ги платат нашите браќа и сестри од дијаспората директно на Судот така што вие нема да имате никаков трошок.

Исто така, со оглед дека во тужбата нема материјални побарувања секој од вас ќе може, ќе има право лично да се брани пред судот.

Ако некој не се чувствува сигурен или подготвен може да не информира да му најдеме адвокат.

И адвокатските трошоци ќе бидат подмирени од нашите браќа и сестри.

Во однос на техничките информации каде и кому да ја доставите тужбата ќе ви пишам точна адреса и контакт лице/а со телефонски број во текот на денот.

Иако сум свесна дека нашите судови се под диригентната палка на власта, мора да го изодиме прво патот на нашите судови за да имаме право да тужиме пред Европскиот суд во Стразбур.

Таква е постапката и така мора да биде.

Да не се поколебиме во ниту еден момент дури и ако нашите судови одлучат да ни ја отфрлат тужбата.

Ние мора да победиме затоа што правото и правдината се на наша страна.

ВЕ ПОВИКУВАМ ШТО Е МОЖНО ПОМАСОВНО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ ВО ОВАА ЗАЕДНИЧКА БИТКА ПРОТИВ ОДРОДЕНАТА ВЛАСТ!

ШТО ПОМАСОВНО, ТОА ПОСИЛНО ЌЕ ОДЕКНЕ ВО СВЕТОТ!

НА КРАЈОТ, ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА СИЛНО ЌЕ ГИ ПОБЕДИМЕ!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Во продолжение линкот од кој можете да ја симнете тужбата, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Најнови вести