Универзитетската професорка Тања Каракамишева на социјалните мрежи се огласи откако денес во Собранието, премиерот Зоран Заев понуди амнестија за настаните од 27 април во законодавниот дом.
-Заев ќе направи СЕ за да ја заокружи целта на неговото носење на власт. Еве само што испрати порака од собраниската говорница за помирување и простување за настаните од 27 април?! И после ВМРО барало амнестија? Аман човек кочи, соземи се, твојата мисија НЕ Е НАША МИСИЈА! ТИ ЌЕ МОРА ДА СИ ОДИШ И ДА ОДГОВАРАШ ЗА ЗЛОДЕЛАТА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, пишува Каракамишева на Фејсбук.