Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дејанчо Ефтимов во рамки на кампањата Разговори за Обнова за Македонија, оствари средба со граѓаните на Валандово и валандовски регион.
При средбата Ефтимов истакна дека ги слушнале проблемите на граѓаните, потенцирајќи дека кога СДСМ е на власт без разлика дали е тоа на локално или централно ниво не реализира ниту еден проект кој што претходно го ветиле пред граѓаните а кој што би бил од голема важност и подобрување на стандардот на граѓаните.
-Денеска сме во Валандово и валандовскиот регион. Во Валандово слушнавме од граѓаните овде што се присутни а и сите оние кои што претходно беа овде поразговаравме и увидовме дека ништо ново не се случува и ништо поразлично не се случува од другите населени места и другите градови во Република Македонија. Кога СДСМ е на власт во Валандово, како на локално ниво така и на централно ниво нема никаква реализација, ниту пак изградба на нова спортски сали, ниту пак нова канализација, ниту нови водоводи, ниту тротоари, ниту улици, односно нема никаква реализација на проектите кои што беа ветени од градоначалникот, вели тој.
Како најголема лага на актуелната власт ги спомена проектите 5 фабрики, 50 нови локации за нови индустриски објекти како и 500тини нови вработувања, укажувајќи дека од ова реализирани се само вработувањата на партиски кадри на СДСМ.
-Еден од клучните проекти на локалната власт беше проектот 5 фабрики со висока додаден вредност, 50 нови локации за нови индустриски објекти и 500тини вработувања. Од ова нема ништо реализирано, освен од делот на вработувањата кои што се вработени во јавните институции, во самата општина и во јавните претпријатија, додаде Ефтимов.
Ефтимов пред присутните изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кампањата, се со цел да се слушнат се поголем број на граѓани и да се најдат решенија за нивните проблеми со кои се соочуваат секојдневно.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во наредниот период да разговара со се поголем број на граѓани, да ги слуша нивните проблеми и да изнаоѓа решенија кои што ќе бидат преточени во новата програма за предвремените парламентарни избори, вели Ефтимов.
На крај тој нагласи дека народот е мудар во донесување на одлуки и по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, граѓаните уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почувствуваат разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ верува во мудроста на народот и ветува дека граѓаните уште во првите 100 дена ќе ја почувствуваат разликата помеѓу актуелната влада на СДСМ и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, заврши Ефтимов.