Сите граѓани знаат дека тука направија криминал, дека тука правеа пари на сметка на нашето здравје. Тука затрупаа еко бомба. Ветуваа парк, а создадоа депонија. Сите знаат дека против законски се полнат џебови на сметка на уништување на животната средина и ризикот по нашето здравје, истакна денес Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Жителите на овие згради околу нас, во сред полициски час пролетта беа сведоци на едно злосторство. Немоќни ги гледаа стотиците камиони што увезуваа песок и чакал, и синхронизирано камиони кои истураа секаков отпад и шут. Денес благодарејќи на дискусијата во Собранието знаме дека Шилегов и Богоев се лицата што стојат позади оваа катастрофа.
Исто така знаеме дека СДСМ нема да ги држи институциите вечно во заробеништво, еден ден тие ќе функционираат и ќе казнуваат. Секој што се огрешил ќе сноси одговорност и ќе одговара.
ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова поддржана исто така од пратеникот Љупчо Пренџов стоејќи цврсто на своите заложби за чиста животна средина и грижата за здравјето на граѓаните поднесоа амандман на буџетот за 2021 година со кој треба да се обезбедат средства за санација и ремедијација на новосоздадената депонија. со поднесување на овој амандман и со овој денешен протест им даваме можност на СДСМ да се исперат од срамот што Шилегов и Богоев им го нанесуваат на ним, карпошани и на граѓаните на Скопје.
Прифатете го амандманот, спречете еколошка катастрофа и отпочнете итна постапка за санација и ремедијација на втората заштитна зона на бунарското подрачје НЕРЕЗИ-ЛЕПЕНЕЦ“ – порача тој вечерва.