среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Карпош со денови има висока загаденост среде лето- граѓаните прашуваат дали имаат градоначалник или фигура, него мува не го лази

Карпош со денови има висока загаденост среде лето- граѓаните прашуваат дали имаат градоначалник или фигура, него мува не го лази

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе со денови се жалат на високото ниво на загаденост во општината кое се случува во лето.

Социјалните мрежи веќе со денови вријат со остри критики кон градоначалникот и неговото не преземање ништо со овој проблем.

-Карпош 2 труе!

-И Карпош 4

-Не да труе, корне… не отруја…

-Тафталиџе 1 не се диши. До кога вака народе!!! Дали имаме градоначалник или само фигура!!!, прашуваат револтираните граѓани преку социјалните мрежи.

-И на млечен е ужасно. Прозор не се отвора, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку вчеравечер во Карпош беа измерени 236 ПМ 10 честички на метар кубен, со што се косат сите тврдења на власта дека градот е загаден само во зимо поради топлењето на граѓаните со огнени дрва.

И додека Карпош веќе со денови е загаден Стефан Богоев во предизборниот период за локалните избори во 2017 година ветуваше попис на зеленилото на територија на општина Карпош како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт.

Најнови вести