среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КАТАСТРОФАЛЕН БРОЈ НА СООБРАЌАЈКИ НА ОВА МЕСТО ЗА САМО 3 ГОДИНИ – бугарскиот Институт за безбедност обвини, државата не ја интересира!

КАТАСТРОФАЛЕН БРОЈ НА СООБРАЌАЈКИ НА ОВА МЕСТО ЗА САМО 3 ГОДИНИ – бугарскиот Институт за безбедност обвини, државата не ја интересира!
ФОТО:ОНАИР.БГ

Бугарските медиуми и експертската јавност овие денови по автобуската несреќа отворија многу прашања со кои се соочува земјата, особено во делот со управувањето со ризиците.

Имено бугарската „OnAir“ пренесувајќи ја анализата на Институтот за безбедност на патиштата, пишува дека во последните три години на автопатот „Струма“ се случиле десет сообраќајни несреќи.

Тие пишуваат дека доколку функционирале институциите некој ќе го истражел случајот зошто таму се случуваат често сообраќајни несреќи.

„Доколку имаше некој да излезе на терен, местото ќе се истражеше, а потоа ќе се откриеше дека кривината за одмор и начинот на која е обележана и направена е изложена на висок ризик за случување на кобни несреќи. Сега по тешката несреќа, сето ова е факт“, пишува Институтот.

Во писмото кое го објави бугарскиот медиум тие пишуваат дека овие неколку дена се вложија сите напори за да се покаже колку опасно е означен автопатот, заштитната ограда како и светлосната сигнализација, но ние тоа го знаеме уште пред несреќата, обвинуваат од таму.

„За овој процес не се потребни телевизиски експерти, туку докажани експерти за управување со ризик, експерти кои не би дозволиле политичарите да им кажуваат што да прават и обратно, експерти кои ќе им кажуваат на политичарите што да прават“, велат тие.

Најнови вести