Неколку ноќи по ред, човек облечен во бела мантија излегува надвор и ги плаши кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“, пишува „Макфакс“.
Непознатиот „дух“, како што сведочат очевидци, ги плаши минувачите, „често игра и се врти, а на моменти фрла и камења кон присутните“.
Граѓанин го снимил човекот во бела мантија, а видеото е објавено на социјалните мрежи.