Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на својот профил на Фејсбук објави дека ќе биде санкциониран инспекторт од Агенцијата за храна и ветеринарство, за кого на социјалните мрежи беше објави видео како се изживува со јагне.
Здружението за заштита на животни “Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово. Тој е дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.
„Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.
Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда“, напиша Николовски на својот профил.