недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казнет 221 возач во Скопје

Казнет 221 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерка, од кои 58 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести