Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возила и 14 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.