Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 34 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.