Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на општина Чаир изречени се вкупно 207 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 31… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.