Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 305 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирани возила, 65 возила подигнати со „пајак“ и 14 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.